Мажите се поголеми „нарциси“ од жените

Мажите се поголеми „нарциси“ од жените
Мажите се поголеми „нарциси“ од жените

Една  студија го потврди она во што многумина можеби веќе и го претпоставуваа, а тоа е дека мажите се понарцисоидни од жените.

Научниците ги анализирале резултатите од различни истражувања за нарцисоидност во период од три децении, со кои биле опфатени повеќе од 475.000 испитанции. Научниците ги анализирале разликите меѓу половите кога се во прашање три аспекит на нарцисоидноста: страста за раководење, суетноста и желбата за поседување, објави лондонски „Индепендент“.

Анализите откриле дека мажите во просек се поголеми „нарциси“, независно од возраста или генерацијата.

Мажите почесто изразуваат желба да поседуваат нешто, повеќе сакаат да добиваат одредени привилегии и се понаклонети да ги искористуваат другите. Во однос на раководењето, мажите покажале повеќе самодоверба и желба за власт. Но, кога е во прашање суетноста, значајни разлики меѓу половите нема, односно и мажите и жените имаа подеднаква суета и егоцентричност.

Податоците од истражувањата спроведени на студенти меѓу 1990 и 2013 година покажале дека за тие 23 години нема промена во нарцисоидноста ниту кај мажите, ниту кај жените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.