Mажот кој падна во провалија кај браната Младост e спасен

Мажот кој попладнево падна во провалија од мостот кај браната Младост е извлечен на безбедно од страна на полициските „Тигри“ и припадници на велешката противпожарна единица, објави Курир.

Докторката која му пружила прва помош вели дека истиот е во контактибилна состојба, со скршеници на нозете и засега без видливи повреди на горниот дел од телото.

Според нашите информации, повредениот со хеликоптер на МВР, ќе биде пренесен во Ургентниот центар во Скопје на понатамошно лекување. Неофицијално, се работи за 40 годишниот велешанец Т.Д.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.