Ме изнервира што врескаше, па ја убив!

Дарко Костиќ и’ признал на полицијата дека ја силувал и ја убил 14- годишната Ивана Подрашчиќ од Батајница, која исчезна пред повеќе од два месеци. Тој за силување е осудуван и претходно, пиштваат српските медиуми.

„Ја убив Ивана, признавам! Ја силував, а таа врескаше и се тргаше. Плачеше и бараше помош. Тоа страшно ме изнервира па почнав да ја удирам и да ја давам, но не престануваше. Затоа земав мотиа и ја убив. Потоа ја закопав во дворот“, до детали Костиќ го опишал злосторот на полицијата.

Меѓу другото, кажал дека Ивана ја запознал преку својата тогаашна девојка за која кажал дека е ментално ретардирана, како и тоа дека Иванабез присила ја донел во Раковица.

„Немаше шанса да се одбрани“, рекол Костиќ, пренесува „Телеграф.рс“.

Да потсетиме, телото на девојката убиецот го закопал во дворот на изнајмена куќа во Раковица.

kuka
По убиството објавил фотографија на Фејсбук

ivana

По злосторството тој се допишувал со пријатели на Фејсбук како да не се случило ништо. По неколку денови откако го извршил убиството, Костиќ објавил фотографија на која позира во јавен превоз.

Како што пишува „Блиц.рс“, убиецот со Ивана бил пријател на Фејсбук. Полицијата истражува колку време се допишувале и за што, но и можноста на тој начин да ја договориле средбата.

Костиќ бил пријател со сестрата на Ивана, Николина Подрашчиќ.

Осудуван за силување и за убиство

Дарко Костиќ имал дебело криминално досие. Како помлад полнолетник е осуден на седум години затвор бидејќи заедно со уште едно лице во 1993 година убил постара жена во Белград. Казната ја отслужил во затвор за малолетници во Ваљево. Неколку пати е осудуван и за тешки дела како што се разбојништво и тешка кражба.

Костиќ во  во 2001 година го извршил првото силување, за што е осуден на 3,5 години затвор. Откако ја издржал казната, повторно му е изречена казна затвор за ново силување. Полицијата се сомнева дека тој извршил и други силувања и напади. Пред неколку месеци тој излегол од затвор.

Исчезна пред два месеци

Ивана на 29 јули го излегла од домот, со дозвола на нејзината мајка и од тогаш и се губи секаква трага. Нејзината мајка кажала дека пред крајот на училишната година, Ивана малку одела на училиште и дека и порано не се враќала дома по неколку дена, но вели дека секогаш се јавувала.

ivana3