ВИДЕО: Нов мебел во Студентскиот дом „Гоце Делчев“

биде реализирана градежната активност блок по блок така ќе бидат менувани и лифтовите.

Во блокот „Б“ којшто е целосно реконструиран оставен е едниот стар лифт за да се изврши транспортот на мебел, а потоа и тој ќе биде заменет.

Покрај ова, според најавите, во наредните денови МОН ќе распише тендер за набавка на нови лифтови за сите студентски домови во земјата.

 

Нов мебел во Студентскиот дом „Гоце Делчев“
Нов мебел во Студентскиот дом „Гоце Делчев“

Според најавите, деновиве ќе почне етапното префрлање на студентите од блокот А во комплетно реконстуираниот блок Б, по што ќе се почне со реконструкција на блокот А.

Паралелно во фаза на подготовка  е и проектната документација за останатите два блока, блоковите „В“ и „Г“ и за мензата.  Се очекува реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во целост да заврши до крајот на оваа или на почетокот на следната година.