Mечето Педингот филмувано со Интел технологија

Доживувањата на мечето Педингот, создадено пред 50 години од англискиот писател Мајкл Бонд, со помош на Интел технологијата е оживеано за големиот екран. На неговата проекција во Синеплекс, во саботата, присуствуваа околу 100 деца, а специјални гости беа дчињата од Детското село.

На овој настан, на за децата забавен начин, практично им се покажа и како треба да се одржува хигиена на рацете. Пред влезот во кино салата беше организирано миење на рацете со антисептик сапун и хартиени шамивчиња, по што на децата им беа делени пуканки, сокчиња и колачиња.

Докторката Весна Игњатовиќ која оваа година бележи 25 години од основање на компанијата Доктор Вајс со естетик центри во Белград, Ниш и Скопје, го истакна значењето на превенцијата и едукацијата на децата. Целта на овој настан е едукација, истакна доктор Весна и додаде дека децата од мали нозе треба да стекнат хигиенски навики но и да го негуваат својот дух со позитивни мисли.

Пред почетокот на проекцијата децата добија и интересни информации за земјата Перу од каде потекнува Мечето Педингтон, кои на забавен и за нив близок начин им ги презентираше токму почесниот Конзул на Република Перу во Република Македонија, со поддршка на видео материјал за Перу.

Претседателката на Фондацијата Доктор Михаил Левенски – Камелија Левенска, обраќајќи се пред присутните дечиња и родители во кино салата,  се заблагодари на поддршката и учеството во настанот на почесниот Конзул на Препублика Перу во Република Македонија и на компаниите Минако и Естетик Центарот Доктор Вајс. Левенска  го потенцираше значењето на поврзување на идеите, вољата и позитивните заложби во реализација на корисни активности за позитивни цели.

mece