Мечевска е во стабилна состојба!

Заврши операцијата на македонската репрезентативка Робертина Мечевска која со тешки повреди беше примена во Ургентниот центар, откако паднала од петтиот спрат во зградата каде што живее во населбата Острово. На ракометарката и била извадена слезината која била повредена, а имала и скршеници по телото, објави порталот „Нова“.

„ Операцијата заврши, незината состојба е стабилна. Млада е и се надеваме дека се ќе се заврши добро. По ова пациентката ќе биде однесена на одделот за интензивно лекување“, потврдија за НОВА од хируршките клиники.