Спорт

Мечевска го напушти Металург

Мечевска го напушти Металург

Македонската ракометна репрезентативка Робертина Мечевска, го напушти вицешампионот Металург и потпиша едногодишен договор со турскиот Орду Бестепе.

Таа одлучи по неколку сезони во „Автокоманда“ повторно да замине на печалба во Турција, каде претходно настапуваше за Мили Пјанго.

Според турските медиуми Орду Бестепе, има големи амбиции по враќањето во елитното ракометно друштво на Турција и токму од овие причини ја ангажираа Мечевска.