Мечевска потпиша со ЖРК Вардар

Македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар доби ново засилување, откако репрезентативката Робертина Мечевска потпиша договор со важност до 1-ви јуни 2015 година, со можност за негово продолжување.

Мечевска веќе е на тренинзите на ЖРК Вардар, откако по прекинувањето на договорот со турската екипа Анкара 1910, остана без ангажман, па тренираше со екипата на ЖРК Вардар.

Вардарки се подготвуваат за продолжување на натпреварите во Лигата на шампионите, а Мечевска ќе има право на настап на следните натпревари во оваа конкуренција. На истата позиција, во ЖРК Вардар се и Ања Алтхаус, Ивана Гакидова, а Бегоња Фернандез е повредена и засега тренира под посебен режим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.