Магазин

ФОТО: Мечка на плажа во Радожда

ФОТО: Мечка на плажа во Радожда
Мечка на плажа во Радожда

Оние што денес одмараа на плажа имаа можност да забележат еден сосема необичен турист. Покрај ретките туристи и една мечка на плажа го помина денот и се разлади од пеколните горештини.

Мечка се симна од планината за да се разлади на плажа
Мечка на плажа во Радожда

Денеска околу пладне, на температура од 38 степени, на една напуштена плажа кај стариот автокамп на „Треска“, во близина на струшкото село Радожда, беше забележана млада мечка како се капе во Охридското Езеро, објави Утрински.

Мечка на плажа во Радожда
Мечка на плажа во Радожда

Она што е интересно, необчниот турист воопшто не ги вознемири ретките капачи на плажата, ниту предизвика страв кај нив.  Напротив, сите од далеку ја набљудуваа, затоа што немаме секој ден можност да гледаме мечка на плажа, нели?