Македонија

Медал за ректорот Стојковски по повод 70-годишнината од победата над фашизмот

Медал за ректорот Стојковски по повод 70-годишнината од победата над фашизмот

Претседателот на Руската федерација Владимир Путин, во спомен на 70-годишнината од Големата татковинска војна 1941-1945 год., му додели медал на проф. д-р Велимир Стојковски, за голем придонес кон антифашистичкото воспитување на младите генерации и одбележувањето на овој датум.

Медалот ќе му биде врачен од страна на амбасадорот на Руската федерација во Република Македонија Олег Шчербак утре во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Врачувањето на овој медал ќе биде во склоп на настанот што Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заеднички го организираат по повод – Денот на победата над фашизмот, односно одбележувањето на 70-годишнината од победата над фашизмот.