Македонија

Филмот „Медена ноќ“ кандидат за престижниот Оскар

Филмот „Медена ноќ“ кандидат за престижниот Оскар
Филмот „Медена ноќ“ кандидат за престижниот Оскар

Филмот „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков е избран за македонски кандидат на 88. издание за наградата Оскар на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука за филмови од неанглиско говорно подрачје.

Филмот „Медена ноќ“ во трка за престижниот Оскар
Филмот „Медена ноќ“ во трка за престижниот Оскар

Филмот бил единствен пријавен за оваа награда, и бил избран едногласно.

Ова е филм којшто ги задоволува естетско продукциските стандарди и вредности, кој во еден познат филмски израз следни две наративни линии од живото на главниот лик, едната од приватниот, а другата во професионалниот живот, карактеристични за општествените збиднувања и политичките скандали како реалност во која живееме во изминативе години од нашето осамостојување, соопштуваат од Друштвото на филмски работници.

Во составот на комисијата за избор се: Бранко Петровски, Даријан Пејовски, Емил Рубен, Владимир Самоиловски, Антонио Митриќески, Емилија Ивановска Атанасовска и Ѓорѓи Клинчаров.

Инаку, светската премиера филмот „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, ја имаше годинава на 17-ти април на отворањето на 18-тиот по ред Скопски филмски фестивал.