Медениот месец на Џастин и Џенифер Анистон за малку ќе завршел трагично

Во текот на летото се венчаа во тајност, а сега Џастин откри некои детали од медениот месец кој не поминал според планот.

Имено, познатата брачна двојка Џенифер Анистон и Џастин Теру на еден егзотичен  остров сакаа да нуркаат и тоа со боци со кислород.

– Се беше идилично. Гледав шарени риби и корали, а потоа забележав црвено светло на боца со кислород, тогаш ме обзема паника, призна 44 -годишниот Џастин.

Како што објави „ЕОнлајн“, при последното нуркање работите дополнително се комплицирале.

– На пријателот кој беше со нас му ја покажав мојата боца, а тој го имаше оној поглед: „ОК, нема да се извлечеш“, ги откри Џастин неговите стравувања под водата.

За среќа, тогаш дошол инструкторот по нуркање кој му дал респиратор за итни случаи со цел да дише без пробелми под површината на водата.

– Медениот месец можеше да се претвори во ноќен кошмар. За среќа, се помина добро. И научив да нуркам, изјави Теру, кој денес на целата ситуација може да се насмее, но не му било сеедно, како ни на неговата позната сопруга.

Брачната двојка наводно би требло да посвојат дете, за да се посветат на поубавата страна во животот и проширување на семејството.