Медицинската сестра на била разведена – нови детали за големата трагедија

Голем број роднини и пријатели се собраа во куќата на убиената медицинска сестра Диана Здравковска во Петровец за да и оддадат последен поздрав откако беше убиена од страна на 22-годишниот Никола Кузмановски. Како што пишува Дневник, таа не била разведена, а токму последниот поздрав и испраќање биле од куќата на нејзиниот сопруг.

Како што пишува Дневник, соседите и роднините не сакале да ја коментираат трагедијата. Единствено нешто што го изјавиле е дека таа била вредна жена и мајка на 8-годишно детенце.

– Голема трагедија, не знам што да кажам. Несфатливо е сите сме шокирани, вели еден од соседите, додека друг вели дека не веруваат во тоа што се пишува по медиумите бидејќи таа не била разведена.

И локалниот бербер езачуден од трагедијата.

– Не можам да поверувам дека убиецот е соседот Никола и дека биле во врска. Другарите на Никола велат дека се гледале и дека биле блиски, но јас не можам да верувам, вели тој.

Точните детали за убиството не се познати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.