Медицински надзор за 24 лица поради контакт со сомнителен прав

Бруцелоза во Бугарија
Бруцелоза во Бугарија

Дваесет и четири лица се ставени под медицински надзор поради контакт со жолт прав, испратен во поштенски коверт до конзултатите на неколку држави во Истанбул.

Сомнителните коверти со жолт прав  вчера биле испратени до конзултатите на САД, Канада, Белгија и Германија во Истанбул.

Во клиниката за инфекциски болести и микробиологија хоспитализирани се 24 лица. Општата здравствена ситуација им е добра, но ќе останат изолирани до добивањето на резултатите од анализата на жолтиот прав, кои се очекуваат в понеделник.

Под надзор се 18 лица од канадскиот козулат – тројца странци и 15 Турци, четворица од германскиот – двајца Турци и двајца Германци и двајца Турци од белгискиот конзулат.