Медицински совети поврзани со топлото време на линијата Ало Докторе!

За девет месеци откако отпочна со работа  телефонската линија за медицински совет Ало Докторе! на истата медицински совет побарале 38.822 граѓани.

За една седмица од 08.06.2015 година до 14.06.2015 година на линијата имало вкупно  819  повици од граѓани кои се јавиле за медицински совет.

Јавувањата во последната седмица  се  со широк спектар на најразлична симптоматологија , симптомна болка, кардиоваскуларни  и респираторни симптоми. Со  затоплување на временските услови  многу често се јавуваат граѓани за совети и препораки  поврзани со топлото време, заштита од сонце и совети околу терапијата за хронични болести.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

За медицински совет се достапни 22 доктори,а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија  Ало Докторе! им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска  терапија .