недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 25

Медитеранска салата со леблебија

salata-leblebija-1

Поврзани вести

Велат дека медитеранската исхрана е една од најздравите, па затоа еве еден предлог како да подготвите вкусна салата со леблебија земена токму од оваа кујна.

Состојки:

  • 560 грама леблебија варена
  • 1 филџан шери домати
  • 1 филџан свежа краставица
  • Половина филџан црвена пиперка
  • Половина филџан фета сирење
  • 2,5 филџани листови од магдонос
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица маслиново масло

Подготовка:

Во поголем сад промешајте леблебија, преполовени домати, ситно исечкана краставица, црвена пиперка, мелено сирење и ситно исечкан магдонос. По потребата прилагодете ја и количината на состојките.

Во помал сад промешајте маслиново масло и сок од лимон, а потоа мешавината додадете ја во салатата и добро промешајте. Зачинете со сол и бибер и декорирајте со листов и магдонос.

За цел оброк салатата можете да ја послужите со брускети, а исто така оваа салата може да биде и добар прилог за јадења со месо.

Најчитани вести