Медитерански ориз и баклава со суви сливи

Состојки

1 чаша (150 мл) ориз

1 главица кромид

1 чешне лук

1 помал домат

1 конзерва туна

50 гр. тофу

малку грашок

неколку маслинки

15 парчиња капари

сол

вегета

маслиново масло

рузмарин

Подготовка:

Оризот сварете го во солена вода. Додека се вари, на коцки исечкајте ги кромидот, доматот и лукот, а капарите исечкајте ги на половина за вкусот да се почувствува подобро. Крупните парчиња туна иситнете ги со нож. На масло пропржете ги кромидот, додадете ги доматот, грашокот, маслинките и туната и зачинете. По кратко динстање додадете ги капарот и варениот ориз. Тргнете од оган, додадете го ситно исечканото тофу и се добро измешајте.

baklava-sa-suvim-sljivamaБАКЛАВА СО СУВИ СЛИВИ

Состојки

2 пакувања тенки кори за баклава

1 кг. мелени ореви

500 гр. суви сливи

3 кесички ванилин шеќер

1 литар вода

1 лимон

масло

Подготовка

Најпрво сварете го сирупот, односно преливот за баклава на тој начин што лажичка шеќер ставете во тенџере и нека се карамелизира на оган. Потоа налијте 1 литар вода и сипете 1 кг шеќер и сок од еден лимон и варете додека преливот за баклава не зоврие. Потоа оставете го на ладно место да се олади.

Сувите сливи ставете ги во помало тенџере, посипете ги со сирупот кој го сваривте за прелив и варете додека не зоврие, односно додека сливите малку не омекнат. Потоа сирупот од сливи вратете го во преливот за баклави.

Баклавата подгответе ја на тој начин што земете една кора и посипете по неа масло и шеќер.Преку неа, ставате следна кора и повторете ја постапката. Преку третата посипете масло, шеќер и мелени ореви.Потоа на околу 2 см од почетокот на кората, наредете суви сливи и свиткајте ги корите во ролат.

Постапката се повторува се додека ги потрошите сите кори, односно не го наполните плехот во кој ќе ја печете баклавата.Кога ќе го наполните плехот, баклавата исечете ја на парчиња чија што големина ќе биде според ваш избор. Со масло посипете ги сите исечкани парчиња и испрскајте ја баклавата со малку масло и вода одозгора за да не загори. Во претходно загреана рерна на 150 степени испечете ја баклавата околу 45 минути или додека не добие боја.Испечената баклава извадете ја од рерна и веднаш натопете ја во претходно направен и оладен прелив и покријте ја со фолија.

Доколку сакате малку посува баклава не мора да го ставите целиот прелив, туку додадете го подоцна за ако ви се пријаде посочна баклава.

Рецептите се преземени од www.posnajela.rs

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.