недела, 27 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Медитерански стапчиња со пршута, сирење и маслинки

Овие стапчиња ќе го освојат апсолутно секој љубител на медитеранските вкусови, а можете да ги подготвите за дружење со пријателите или да ги понесете на излет во природа.

stapchinja-so-maslinki

Поврзани вести

Овие стапчиња ќе го освојат апсолутно секој љубител на медитеранските вкусови, а можете да ги подготвите за дружење со пријателите или да ги понесете на излет во природа.

Тие се вклопуваат во секоја прилика, а со добар сос ќе бидат одлично предјадење или пак вкусни грицки за пред телевизор.

Состојки:

  • 1 филџан млеко
  • 2 лажици путер
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 квасец
  • 1 лажичка сол
  • 3 мали филџани брашно
  • ½ лажичка оригано
  • ½ лажичка босилек
  • Маслиново масло

Подготовка:

Замесете тесто од брашно, млеко, путер, квасец, сол и шеќер и оставете да  се крене.

Кога ќе се крене тестото, развлечете го со оклагија и половина од тестото премачкајте со маслиново масло и врз него наросете исечкано сирење, маслинки, пршута, босилек и оригано.

Затворете со втората половина од тестото и исечете стапчиња.

Фатете ги за краевите и извртете ги во спротивни насоки.

Ставете ги на хартија за печење, премачкајте со јајце, наросете сусам и сол.

Печете на 200 степени додека не добијат златна боја…

Најчитани вести