недела, 20 август 2017  |  Вести денес: 0

Медиуми: Американските маринци смрзнаа на вежбите на руската граница

Производителот на арктичките униформи за американската војска не сметал дека на големиот студ влагата којашто произлегува од телата на војниците може да замрзне во слоевите од облеката

Фото : Royal Norwegian Ministry of Defence/Winnefride Steen, Forsvaret

Фото : Royal Norwegian Ministry of Defence/Winnefride Steen, Forsvaret

Последни вести

Арктичката облека на американските војници во текот на неодмнешните воени вежби во Норвешка во близина на руската граница не била доволно добра за да ги заштити од големиот студ, пишува магазинот Defense News.

На вежбите под кодниот назив „Joint Viking 2017“, кои се одржуваа на почетокот од март во близина на норвешко-руската граница, учествувале околу двесте американски маринци. Но се покажало дека нивната опрема е слабо издржлива на темепратурите пониски од минус 45 Целзиусови степени.

„Во својата обемна облека тие излгедаа како човечето симбол на компанијата ‘Мишлен’. Тие мислеа дека ќе ги загрее, но всушнсот многу премрзнаа“, коментирал Јонас Рајдем, портпарол на шведскиот производител на зимска воена облека „Torraka“ (Тајга).

Според него, производителот на арктичките униформи за американската војска не сметал дека на големиот студ влагата којашто произлегува од телата на војниците може да замрзне во слоевите од облеката.

Според сознанијата на порталот Military.com, американските војници во Норвешка се соочиле и со други проблеми. Покривните делови од облеката се распукала по шавовите, патентите не се отворале, чизмите се оштетувале од механизмите на скиите, а пластичните ранци попуштиле.

Генерал-мајорот Нил Нелсон во коментар за порталот изјавил дека сите воочени недостатоци ќе бидат решени. „По 12 години во пустини, ни претстојат сосема поинакви лекции. Направивме одлични униформи за пустински услови, но темепратурите длабоко под нулата не можат да ги издржат“, признал Нелсон.

Најчитани вести