Медиуми: Експлозивот користен во нападот во Дортмунд можно да бил воен

Експлозивот користен при нападот врз автобусот со фудбалерите на дортмундска Борусија, најверојатно претходно во сопственост на Бундесверот, вооружените сили на Германија, пренесе во саботата електронското издание на весникот Die Welt повикувајќи се на извор во истражните органи.

„Експлозивните материи, од кои биле направени бомбите, веројатни му припаѓаат на Бундесверот“, го цитира изданието својот неименуван извор од правосудните органи. Други поединости не се наведени.

Вечерта на 11 април во Дортмунд пред четвртфиналниот натпревар во Лигата на шампионите против француски Монако, во близина на автобусот со фудбалерите на Борусија беа детонирани три експлозивни направи. Притоа беше повреден домашниот играч Марк Бартра, кој се здоби со скршеница на раката.

Германското сојузно обвинителство експлозиите ги квалификуваше како терористички напад.

На местото на нападот беа најдени пораки со преземање на одговорноста од страна на џихадистичката организација Исламска држава. Сепак, истрагата верува дека со ваквите писма можеби вистинските организатори на нападот сакале да го одвлечат вниманието на истрагата. Иследниците до ваквиот заклучок дошле врз основа на јазичната експертиза на најдените пораки, и се сомневаат во автентичноста на содржината.

Во моментов истрагата е насочена на сите можности и нема насока на којашто ѝ даден приоритет. Според министерот за надворешни работи на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Ралф Егер, првите пораки укажуваат дека нападот може да го извршиле десничарски, левичарски или исламистички екстремисти.

Берлинскиот весник Tagesspiegl во четвртокот вечерта добил електронска порака во којашто се презема одговорноста за нападот врз фудбалерите на Борусија Дортмунд пред, но во коешто истовремено се најавуваат нови напади, меѓу друго и на 22 април, кога во Келн треба да се одржат протести против евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).

Досега има три пораки со коишто се презема одговорноста за експлозиите во Дортмунд. Првото писмо, коешто беше карактеризирано од федералната истрага со левичарска екстремна заднина, набрзо беше отфрлено како лажно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.