Медиуми и политика

За да можеш да говориш во името на медиумите и нивните вработени поточно за нивните права и обврски несомнено е потребно да познаваш малку историја. Треба да знаеш дека првиот радио пренос е направен 1920 година, дека австралиските РТХ станици емитуваат програма за лица со оштетен вид, дека во 1954 е основана Евровизијата со цел промовирање на телевизијата во Европа, дека најраните сапунски серии во 50-те биле спонзорирани од производители на прашоци за перење, киноматографијата била на врвот како суптилен медиум од 1920 до 1940 година и дека прв филм со звук  е „Светлината на Њујорк“, прва телевизија во Република Македонија е ТВ „Теко“ од Штип, прво радио со дозвола е „Канал 77“, прв дневен весник со приватна иницијатива е „Република“, а неделници „Епоха“, „Република 7“, па од нив се родило „Дело“ итн.

Во последниве неколку години на медиумско-политичката сцена се случуваат чудни ситуации од кои можете да извлечете неколку заклучоци дека политичарите сакаат да бидат дел од некакво НВО друштво притоа заборавајќи ги основите на нивното политичко делување и логика, а здруженијата да владеат со политиката и со животите на тие кои наводно ги бранат.

Некогаш се знаеше точно која организација каде во која сфера функционира и лобира за своите или за туѓите интереси кои ги застапува. Денес Центарот за развој на медиуми се изгуби комплетно, но со надеж дека ќе никне повтроно, Македонскиот институт за медиуми треба посилно да ја бутка идејата за омбудсман за медиуми, Здружението на национални телевизии и Здружението на локални медиуми си бркаат своја работа за да се снајдат што подобро на пазарот на реклами, и нормално Здружението на новинари на Македонија и Синдикатот на новинари и медиумски работници наместо да се грижат како да бидат поуспешни во своето работење, заеднички урликаат на цел глас да се намалат приходите во голем дел на медиуми и притоа етикирајќи ги како Гебелсови медиумски дечиња.

Имено еден синдикат на медиумски работници за да може елементарно да застапува некого треба да ги знае следниве основни дефиниции: обработка, нарачател, преддејствија, финансиски одбор, пробни снимки, претпроизводство, производство, постпроизводство,  доставување, емитување, прием итн. Или пак значењето на следниве работни позиции на медиумски работници: чувар, реквизитер, шофер, линкаџија, снимател, кафе кувар, монтажер, тонец, мгс, инскрајбер, новинар, организатор, реализатор, сценарист, сценограф, шминкер, фризер, лектор, режисер, планер на програма, маркетинг и скопџија. Е овој последниот е клучната алка во програмата. Тој е последниот и првиот кој има индиректно директен контакт со гледачите зошто ако не го стисне копчето нема програма. Дали синдикатот утврдил за овие лица минимална плата и дали знае во какви услови работат? Не. Дали синдикатот знае дека при намалување на буџетите прво страдаат новинари, но и техничките лица? Не. Дали некогаш синдикатот бил на состанок кај Министер за Труд да побара услови за медиумски лица кои се пензионираат и кои немаат услови за нормален живот бидејки немаат финансии ниту пак некого, да бидат со приоритет за сместување во колективни системи за домување и министерството да исплаќа 50% од сумата? Не.

Затоа што синдикатот сака да го интересира само дневна политика, а не класичен синдикализам, иако доста се труди пред него постоечкиот да го минимизира во секој чекор и поглед.

За разлика од синдикатот, во Македонија има две здруженија на новинарите. Здружението на новинари (ЗНМ), кое мисли дека само тоа има право да ги застапуваат своите членови и дека само они се господари на новинарското здружување и само они имаат право да ја креираат новинарската вистина. Затоа многу ревносно се занимаваат дали опонентите Македонската асоцијација на Новинари (МАН) имале собрание, управен одбор, ќутеле пред власта, се’ прифаќале, не функционирале за ништо итн. Па, ако се такви значи тогаш ЗНМ има предност од 100 метри пред нив и нема никогаш да ме плашат, ама вистината е дека МАН ќутенката си ги земаат и остваруваат своите права. Од страна гледано е токму така. Но, нејсе.

Еве подолготрјаниве да ги потсетам некои работи.

Прво во кампањата за претседател беше мотивот да се одземело ЗНМ од рацете на новинарските бардови кои сакале да го приватизираат, а во целиот период се добива чуство дека има самостојни настапи и одлуки при носењето на закони, па дури и етничкиот предзнак во повеќе наврати не отсуствувал.

Второ самиот претседател имаше два работни инцидента во неговата редакција каде приходува и неможеше никако да ги заштити колегите, кои дури мораа во првиот случај и да си го погазат своето достоинство зошто семејството и чедото беше пред се’.

Трето порано беше хит да имаш новинарска легитимација зошто влегуеш ко џомба во некоја амбасада, посебно Грчка (иако не е амбасада). Сега има разговори за слободен паркинг од два часа.

Четврто наместо случајот на Кежаровски да се издвои и да истиот, претседателот има таква обврска да го решава во институциите нормално тивко и суптилно, се одлучија да го поистоветат со психијатрискиот случај, рекетар и криминалец Зоран Божиновски (кој проба да го рекетира ОНЕ Словенечки Телеком веднаш после смртта на лицето Н.М.).

Петто ЗНМ има најголема гласност до сега, со резултат рамен на ништо. Да се сликам со министри и да викам дека еден закон е одличен, потоа да не превенирам и спречам случаи на тужби односно да ме преведат жеден преку езеро, и да се сликам дека колегите од „Фокус“ добиле помош, а случајот е само пирова победа за ЗНМ, тогаш како претседател ќе си ја пеам од групата Нервозни Поштар Ааааааааааамерика тихо спава, на путу светла плава, Кучи, Кучи Кучи идем јаааааааааааааааааааа.

П.С. Навистина треба да се расчисти маглата во случајот Никола Младенов, ама и во случајот на Љупчо Анастасовски од 1992 година.

Авторот е независен медиумски работник