Медиуми: Нападите врз Трамп наликуваат на државен удар во САД

© EPA/MICHAEL REYNOLDS/POOL

Шпекулациите во американските медиуми за тоа дека наводно американскиот претседател Доналд Трамп во разговорот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров открил врвни доверливи разузнавачки информации, укажува на тоа дека во САД се подготвува обид за државен преврат, сметаат тамошните политички коментатори.

Ваквото размислување во вторникот го искажа и политичкиот аналитичар на телевизијата CNBC, Џејк Новак, коментирајќи ги тврдењата дека американскиот челник наводно минатата седмица на шефот на руската дипломатија на нивната средба во Белата куќа му дал доверливи разузнавачки информации добиени од американски сојузници, а коишто не смеел да ги сподели со Русите.

„Станува збор за вистинска информациска бомба“, исткана Новак. Истовремено истакна дека „не станува збор за тоа дека Трамп извршил какво и да е прекршување“ на правилата.

„Веста, којашто требаше да предизвика вистинска загриженост, се состои во тоа што против легалниот избран претседател на Соединетите држави, се чини, се прави обид за поличитки преврат“, вели внатрешнополитичкиот коментатор на телевизиската мрежа CNBC.

Новак истакна дека актуелниот скандал се појавил откако „некој од највисокот ниво на владата дозволил истекување на информации за разговорите, коишто ги имал Трамп со руската делегација“, во чиј состав инаку беше и рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Килслјак, а со кој контактирал во времето пред Трамп официјално да ја презема должноста неговиот прв избор за советник за национална безбедност, пензионираниот генерал Мајк Флин, поради што овој мораше да отстапи од должноста.

„Станува збор за, потенцијално, многу сериозно пекршување, и ова не е првпат“, истакнува Новак. Политичкиот аналитичар притоа не исклучува дека истекувањето на информациите било овозможено од американските разузнавачки служби, како одмазда за тоа што претседателот Трамп претходно во неколку наврати ја критикуваше нивната работа.

Тврдењата за тоа дека Тамп наводно на Лавров му дал врвни доверливи информации во врска со џихадистичката организација Исламска држава, прв ги објави во понеделникот весникот The Washington Post.

Коментирајќи го написот, Трамп изјави дека како шеф државата имал целосно право да ги сподели таквите информации со рускиот министер, и оти тоа треба да помогне во заедничката борба протви тероризмот.

Телевизиската мрежа ABC News, пак, повикувајќи се на свои извори објави дека информацијата се однесувала на планови на ексттемистите да кренат во воздух патнички авион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.