Медиуми: Столтенберг на 19-ти јануари доаѓа во Скопје

Дипломатски извори за телевизијата Канал 5 потврдиле во четвртокот дека на 19-ти јануари или ден претходно во Скопје пристигнува генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Посетата на првиот човек на НАТО се совпаѓа со новата рунда разговори со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк, кога според експертската јавност се очекува да започнат суштинските разговори за името.

Во меѓувреме германската новинска агенција DPA, повикувајќи се на добро информирани дипломатски кругови во Атина, пренсе дека како решение ќе биде предложена одредница пред името Македонија како Горна, Нова или Северна.

Агенцијата уште пренесува дека решението не може да се очекува „од денес за утре“ и дека за брз влез на Македонија во НАТО „притискаат САД за да се запре руското влијание во Македонија“.