Медиуми: Убиецот од Швајцарија познат активист на СДСМ и близок пријател на Заев (ФОТО)

Познатиот активист на СДСМ од Струмица во швајцарскиот град Лукарно, 54-годишниотГоран Михајлов, со пет куршуми ја усмртил сопругата 38-годишната Хани на патот кон езерото Маџиоре крај Аскона во Швајцарија, пишуваат тамошните медиуми, пренесува Журнал.нет.

Настанот е снимен и на видео камери од објектите од околината, снимки кои сега се во посед на полицијата, а за настанот сведочи и Џанкарло Вачини, кој ја слушнал жената како вреска пред смртниот чин. Горан ја убил сопругата затоа што мислел дека го изневерува.

Швајцарските портали пишуваат дека Горан е многу близок со врвот на Социјадемократскиот сојуз, кои се сега власт во Република Македонија и дека на неговит фејсбук профил може да се сретнат негови слики со практично целиот државен врв.

Џианкарло, за швајцарски Blick вели: „Седев крај киоскот и пушев цигара, одеднаш слушнав женски глас како вика, не! не! и после слушнав истрели, 4 или 5, 20 секунди подоцна следеа уште три до четири истрели, раскажува тој видно потресен“.

Кога притрчал, Џианкарло видел две тела на подот по што мислел дека и двајцата се мртви, но Михајлов го преживеал обидот за самоубиство.

 

cetvrta-640x360 petta1-640x355 treta-640x360 vtora

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.