Медиуми: Заев има намера да ја предаде Македонија, сака да се откаже од името на земјата, само за да влезе во НАТО

Премиерот на Македонија Зоран Заев изјави дека е спремен земјата да влезе во НАТО под називот Поранешна Југословенска Република Македонија, на што инсистира Грција, како би ја забрзал интеграцијата на државата во ЕУ, пишува српски Информер.

„Постојат два начина, или решение на проблемот, или под привремената референца да влеземе во НАТО, а да предложиме преговори со Грција, поради проблемите кои Грција ги има со нашето уставно име, за интеграцијата во ЕУ. Тие знаат дека за нас постои подеднакво тежнеење кон ЕУ“, рече Заев во интерјву за МРТ.

 

Македонија се придружи на ткн акционен план за примрема за членство во НАТО во 2009 година, пишува во текстот.

Минатата среда, премиерот на Грција Алексис Ципрас му честиташе на Заев на стапувањето на должноста и го потврди цврстиот ставот на Грција околу името Македонија.

Шефот на македонската влада соопшти дека очекува во наредните месеци посета на Скопје на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кои ги отвара вратите на државата за полноправно членство во Северноатлантската алијанса.

Северноатлантската алијанса планира до пролет 2018 година да ја прими Македонија во својот состав, кажал за Sputnik извор запознат со преговорите околу стапувањето на нашата држава кон НАТО.

„Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг планира во средината на јули да го посети Скопје и да разговара за тоа. Целта на НАТО е до пролет 2018 година земјата да биде примена во Алијансата“, пренесува меѓународната руска агенција Sputnik,

Според соговрникот на агенцијата РИА, на ваквиот план работат и САД.

 

„Во средата амбасадорот на САД во Скопје, се состана со министерот за одбрана на Македонија и исто така разговараше за тоа. Вашингтон го повикува Скопје да тргне кон отстапки, а судејќи по се, тие се спремни на тоа“, рекол изворот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.