Медиумите дознаваат, разузнавањето не коментира дека Пјонгјанг подготвува ново лансирање

© KCNA/ via REUTERSATTENTION

Севернокорејските власти најверојатно започнале со подготовка за ново лансирање раката од локација северно од престолнината Пјогнјанг, и тоа може да биде извршено следните неколку денови, јави во вторникот телевизиската мрежа CBS, но американското разузнавање одби да коментира.

Според тврдењето на соговорникот на CBS, подготвителните активности започнале во близина на Пјонгјанг на истото место каде што во ноември 2017 година беше тестирана интерконтиненталната балистичка ракета. Како што се известува во прилогот на телевизијата, доколку овие процени се точни, лансирањето најверојатно ќе биде извршено во текот на оваа или следната седмица.

И другата американска телевизиска мрежа NBC, исто така, известува повикувајќи се на свои неименувани извори запознаени со ситуацијата, дека Северна Кореја може да изврши ново тестирање на своите балистички проектили веќе кон средината на оваа седмица.

Од друга страна, кабинетот на директорот на американската разузнавачка заедница, Дан Коутс, не ги потврди, ниту ги негираше информациите дека Северна Кореја е во завршната фаза од подготовките за тестирање на интерконтинентална балистичка ракета. Директорот на оваа агенција ја координира работаа на сите 16 американски разузнавачки агенции и служби.

„Немаме никаков официјален коментар во врска со конкретното прашање за подготовки за тестирање во текот на следните денови“, изјавиле во вторникот за руската агенција ТАСС од кабинетот на директорот на националното разузнавање на САД.

Официјален претставник на американското разузнавање, исто така, ги цитирал забелешките на директорот Коутс изречени во Конгресот во мај минатата година дека „Пјонгјанг е посветен на развивање нуклеарна ракета со долг дострел, способна да претставува директна закана за САД“.