Медиумите дознаваат за „катастрофалните последици“ од кражба на сајбер оружје од NSA

© AP Photo / Patrick Semansky, File

Американската Агенција за национална безбедност (NSA) доживува внатрешна голема криза по хакерската кражба во 2016 година на штетни софтвери, кои специјалната служба ги користела за инфилтрирање во уреди и мрежи ширум светот, пишува дневниот весник The New York Times (NYT).

Групата хакери позната како Shadow Brokers го објави програмскиот код на програмата кој е украден од NSA. Тој потоа бил искористен за создавање вируси коишто предивикале голема штета на компјутерските мрежи ширум светот. Од NSA официјално не ја коментираат ситуацијата, но The New York Times смета дека има доказ за тоа дека украденото кибернетичко оружје ѝ припаѓало на оваа разузнавачка агенција. Инцидентот, исто така, бил потврден од поранешни и сегашни вработени на агенцијата.

Според нивното тврдење, акциите на Shadow Brokers имале „катастрофални последици за NSA“. Во прв ред врз нејзината способност да го зашити моќното кибернетичко оружје, а исто така во прашање е доведена и валидноста на специјалната служба за националната безбедност на земјата, по серијата слични скандали од пред две години и истекувањето доверливи материјали.

„Агенцијата, којашто се смета за светски лидер во хакирањето на компјутерските мрежи на противниците, не можеше да ја заштити сопствената мрежа“, пишува NYT.

Весникот забележува дека кражбата на документите може да се спореди со „земјотрес којшто ја стресе NSA до темелите“. Се претпоставува дека штетата што ја предизвикале Shadow Brokers може да биде многу поголема отколку што своевремено ја предизвика поранешниот соработник на Централната разузнавачка агенција (CIA) и на Агенцијата нза национална безбедност (NSA), Едвард Сноуден. Тој, имено, до медиумите достави докази за програмите со коишто американското разузнавање се инфилтрирало во големите оператори и вршело следење на комуникациите на милиони луѓе низ светот, вклучително и на светските челници и на сојузниците на САД.

Според податоците што ги поседува NYT, американските разузнавачки служби не можат ниту да утврдат како дошло до протекувањето на документите и програмите и дали во тоа е вмешан некој нивен вработен. Поради тоа се спроведуваат масовни проверки на службениците.

„Во седиштето на агенцијата во сојузнаа држава Мериленд и во одделите низ целата земја соработниците на NSA се принудени да се подложат на тест на дектотори за лага и ги суспендираат од работните места (…) Моралот силно е опаднат, искусните професионалци заминуваат од агенцијата на подобро платени работни места, вклучително во компании коишто се занимаваат со заштита на компјутерски мрежи од упади со користење на алатките на NSA“, пишува натаму весникот. Од 2015 година, тројца вработени се уапсени за крадње податоци, но не е јасно дали ситуацијата во NSA се подобрила, забележува NYT.

Поранешниот вработен во „хакерскиот“ оддел на разузнавачката агенција, Џејк Вилијамс, чиешто име и работно место исто така го открија Shadow Brokers споменатиот инцидент го опишал како „повеќекратна катастрофа“. Тој потврдил дека припадниците на правосудните органи ги „ловат“ оние коишто се вклучени во хакерскиот упад, но досега никој не бил фатен.

Како што пишува уште весникот, и натаму е една од најосомничените страни за хакирањето е Русија која повеќепати ги отфрлаше сличните обвинувања од американските служби. Притоа се наведува дека весникот не добил никакви докази за „руска вмешаност“. The New York Times само напоменува дека руската компанија за лабораторија за кибернетичка заштита „Kaspersky“ која работи низ целиот свет една од првите го „исчистила“ хакерскиот оддел на NSA и на својот софтвер за заштита од хакирањето на Агенцијата. Со самото тоа таа „го намалила протокот на разузнавачки информации“, укажува весникот. Во 2017 година американската администрацијата ја забрани употребата на прозиводите од „Kaspersky“ на комјутерите на федералната влада.