Медиумите го напаѓаат, Хоџсон го брани Руни

Англиските медиуми веднаш распалија по Рои Хоџсон и по неговите фудбалери, а како главен виновник за минималниот пораз во дуелот против одличната репрезентација на Италија, го посочија напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.
Прв кој застана во одбрана на Руни е предводникот на “Гордиот Албион”, Рои Хоџсон кој ја потцети фудбалската јавност на Островот дека Вејн одлично му асистирал на Стариџ кој го постигна израмнувачкиот погодок.

„Не знам од каде тие коментари, од каде тој заклучок дека Руни одиграл под очекуваното ниво, дека не се чуствува убаво на левата крилна позиција. Јас пак сум убеден дека Руни одигра одлично. Некој заборави дека Руни одлично му асистираше на Стариџ кој го постигна израмнувачкиот погодок. Руни може да игра на повеќе позиции и морам да кажам дека сум задоволен од неговата игра”, изјави Хоџсон.