вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 70

„Курир“: Медиумите на СДСМ во паника откако се виде дека нема фантомски гласачи

Со цел да ги оправда десетте изборни порази, СДСМ по наредба на Зоран Заев вршеше притисоци врз Државната изборна комисија за ставање на бројни апсурдни критериуми при вкрстената проверка на податоците само за да излезе сè поголем број на спорни гласачи, пишува „Курир“.

plusinfo-1-640x297

Поврзани вести

Со цел да ги оправда десетте изборни порази, СДСМ по наредба на Зоран Заев вршеше притисоци врз Државната изборна комисија за ставање на бројни апсурдни критериуми при вкрстената проверка на податоците само за да излезе сè поголем број на спорни гласачи, пишува „Курир“.

Главниот мотив на ваквата операција, освен оправдувањето за претходните изборни порази беше и да се оправда стравот на СДСМ од избори на нивно барање и одложување на истите. Членовите во ДИК на СДСМ беа свесни дека нивната приказна е само кула од карти која ќе се распадне во моментот кога списокот на лицата кои Заев ги прогласуваше за фантоми ќе биде објавен на страната на ДИК, пишува порталот.

„Курир“ повикувајќи се на сопствени извори, пишува дека членовите на ДИК од СДСМ жестоко се противеа на овој предлог иако практично се работи за објавување на истите податоци од избирачкиот список кои веќе еднаш на јавноста и беа ставени на увид.

Во жестоката расправа членовите на СДСМ на моменти ги рафрлале и фотељите на кои седеле во салата. Тие се противеле жестоко на објавувањето на податоците и покрај тоа што ДИК има обврска да ги информира граѓаните кои ќе бидат предмет на теренска проверка, за што впрочем и Државната изборна комисија отпочна кампања. Ако во нешто беа право членовите на ДИК од СДСМ е дека за само неколку часа се урна кулата од лаги која во изминатиов период ја градеа Заев и неговата партија. Опозициските медиуми во уште еден обид за спас на Заев и СДСМ, откако се виде дека нема фантомски гласачи, панично удираат по ДИК пишувајќи дека Државната изборна комисија ги етикетира гласачите и создава привидна транспарентност, пишува порталот.

Најчитани вести