Медиумите на СОРОС го затворија Јанез Јанша

Дел од соросовите медиуми поздравот на Јанез Јанша на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, го протолкуваа дека е пишуван од затвор иако Јанша во моментов е слободен човек по одлуката на словенечкиот Уствавен Суд.

Во текот на минатата недела, Уставниот суд на Словенија ја поништи двегодишната затворска казна за поранешниот премиер Јанез Јанша поради нерегуларности во процедурата и побара повторно разгледување на корупцискиот случај.

-Јанша во очекување на новиот судски процес ќе биде ослободен, соопшти судот, потврдувајќи дека одлуката за поништување на пресудата била донесена едногласно.

Поранешниот словенечки премиер беше осуден на две години затвор во јуни 2013 година поради земање поткуп во врска со планираната набавка на 135 блиндирани возила од финската компанија „Патриа“ во 2006 година, кога тој беше претседател на владата. Подоцна оваа зделка беше повлечена.

Јанша демантира дека земал пари од „Патриа“, објаснувајќи дека процесот против него бил политички мотивиран.

Парламентот му го одзеде пратеничкиот мандат на лидерот на конзервативната Словенечка демократска партија во октомври минатата година поради судската пресуда.