Медиумите на СОРОС и СДСМ во улога за предизивикување дестабилизации

Медиумите на СДСМ и СОРОС координирано ја започнаа најжестоката фаза од специјалната војна чија цел е да предизивикаат дестабилизација, закрвување меѓу македонските граѓани и нарушување на имиџот на земјата пред меѓународната јавноста, пишува Курир.

Доброобучена екипа на новинари и медиуми кои со лажни вести и неточни информации имаа задача на вчерашниот протест пред Владата да ја подгреваат тензијата и да одработуваат за СДСМ, вчера излегоа и со координирани наслови. Од вечера, продолжувајќи и денес, Соросовите медиуми, Плусинфо на Бранко Героски, Либертас, Нова ТВ на Борјан Јовановски, А1 Он, Фокус на Јадранка Костова, како и трите национални телевизии и исто толку весници известуваа координирано со лажни информации манипулирајќи со јавноста во обид да го зголемат присуството на лица пред Владата.

Пример за тоа се вестите кои ги објавија дека наводно полициски службеник преминал на страната на СДСМ, која Заев ја искористи во своја полза. Истата директно беше демантирана од полицаецот за кој тие говореа.

Самиот полицаец вели дека од претпоставените старешини добил наредба да ги отворат металните огради за масата слободно да може да се движи во тој простор. Додава дека постапил по наредба која што е издадена од повисоките старешини и за која смета дека е негова должност.

safet

-На редовна работа дојдов како одговорен за обезбедувањето и кога дојде до нарушување на јавниот ред и мир пред објектот Влада ние како одговорни го контролираме влезот и излезот на оградата која што е заштитна во вакви случаеви, значи во нарушен јавен ред и мир во поголем обем. Бидејќи масата беше многу агресивна и можеше да дојде до стампедо од претпоставените старешини добив наредба да ги отвориме металните огради за масата слободно да може да се движи во тој простор. Постапив по наредба која што е издадена од повисоките старешини и која сметам дека е моја должност, изјави полицаецот.

Дел од невистините пласирани од медиумските пера на СДСМ е и информацијата за наводна употреба на полициските водени топови. Наспроти ова јасно е дека полицијата единствено со потиснување ја растера групата и професионално си ја заврши задачата.