Медиумите на СОРОС продолжуваат со бруталните лаги и измислици

Тоталните невистини и измислици на соросовите медиуми продолжуваат со тврдењата дека полицијата ги спречува демонстрантите на СДСМ да пристигнат во Скопје на најавениот протест, објави „Курир“.

Порталот нагласува дека ако до вчера соросовите медиуми лажеа дека имало цивилни жртви, дека загинала мајка со дете, наметнуваа воена психоза дека се пука во Тетово и Арачиново, па терористите ги направија цивили во патики и тренерки,  лажеа дека војската спрема гумени куршуми за денешниот протест,  тврдеа дека терористите преговарале со полицијата, денес тие со задача да лажат дека наводно полицијата ги спречува демонстрантите на СДСМ да стигнат во Скопје.

Исклучиво изворот за таквата информација е нерелевантен, анонинемен граѓанин, што дополнително ја соголува манипулацијата која ја прават.

За доказ посочуваат фотографирани полициски патроли покрај патот при што и од самите фотографии може да се забележи дека автобусот е на коловозот, не е запрен и се движи.

Не се работи за проверка или намерно задржување, туку за рутинска патрола која го контролира сообраќајот, контроли какви што има насекаде низ Македонија секој ден во годината.

Со ова Заев и соросовите портали започнуваат со креирање на алиби за слабата постеност, зад кое се крие слабиот одзив за кој посочувавме веќе неколку дена претходно.