Медиумите на СОРОС продолжуваат со оцрнување на полицијата – најнова лага е дека се преговарало со терористите

На листата на лаги и манипулации нема крај. Доказ е најновата лага кои сакаат да ја протнат медиумите на СОРОС дека наводно во текот на полициската акција во Куманово се преговарало со терористите, шишува денес порталот „Курир“.

Прво медиумите на СОРОС викаа дека наводното службеници од Петтата управа контактирале со терористите, а сега викаат дека се преговарало со нив.

За подлога беше пуштена оваа информација преку сателитетите на СОРОС кои се наголемо платени да шират дезинформациии пред неколку дена, а сега како главна потпора се зема изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети дадена во емисија на ТВ „Алсат“, која во целост се испревртува и погрешно итнерпетира, додавајќи целосно неточен контекст.

Тие пренесуваат дека наводно Ахмети во емисијата признал дека се преговарало за предавање на терористите, но вистината е дека Али Ахмети кажува дека одредени членови од терористичката група притиснати од жестокиот одговор на македонската полиција, доведени до пред целосна капитулација, исконтактирале со него со единствено барање да им отвори коридор. Самиот Ахмети кажува дека тој такво нешто не можел да побара.

Тој им кажал „јас не можам да ви одговорам на ова ваше барање, да отворам кордор, ниту да влезам во разговори за такво нешто”, изјави Ахмети. Потоа до него бил испратен сигнал дека терористите се подготвени да се предадат за што Ахмети го известил и Премиерот Груевски, кој според зборовите на самиот Ахмети му рекол „не верувам дека тие ќе се предадат”. Што укажува на тоа дека ниту се преговарало со терористите, ниту пак имало план за такво нешто. Од друга страна од видео снимките кој можеа да се видат се гледа дека како резултат на успешната акција на полицијата терористите се предаваат безусловно со кренати бели знамиња.

Ваквата лага е продолжување на бесрамното сценарио на пласирање на медиумите на СОРОС: Тежинатата на оваа лажна информација е иста и со сите претходни лаги кои ги кажаа, поврзани со кумановската акција за разбивање на терористичките група, а за кои се докажа дека се апсолутна невистина и измислица, како онаа дека има цивилни жртви, и дека се пука во Арачиново, Тетово и Зајас нешто што се испостави за апсолутно неточно. Ниту цивилни жртви имаше, ниту пукање се случи во Арачиново и Тетово.

Бранко Героски тврдеше дека терористите се всушност обични граѓани по тренерки и патики, а се испостави дека не само што најголемиот дел се со униформи на УЧК, туку и дека располагаат со тешко формациско оружје со кое се пукаше врз полицајците.

Ваквите лаги беа зачинети и со огромни навреди до македонските полицајци.

СДСМ-овецот Тричковски посакуваше смрт за полицајците кои ја бранеа државата. Тричковски објави два статуси. Во првиот напиша:

tric-n

Во вториот статус Тричковски напиша…

statusotgaden

Шилегов ги исмеа полицајците…

silegov-skandall

Најчевска со навреди кон полицијата и одбрана на терористите…

mnajcevskaaa