Mедиумите на СОРОС со нова манипулација

Порталот финансиран од Сорос Порт Алб излезе со статистика дека сиромаштијата се зголемила, а притоа неискажувајќи ја во апсолутни бројки, само додавајќи дека за три години бројот на сиромашни семејства составени од четири члена е зголемен за нови 10 000.

Како по правило ваквата нарачана анализа која не е спроведена врз професионални критериуми и методологии беше преземена и од останатите проопозициски портали и медиуми финансирани од СОРОС, пишува Курир.

Демантот на ваквите бројки доаѓа од Државниот завод за ревизија кој укажува дека процентот на сиромаштија бележи ново намалување, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 22,1 отсто, што е намалување за 2,1 процент во однос на 2013-та. Стапката на сиромаштија во 2013-та била 24,2 проценти, а во 2012 година 26,2 отсто.

Она што е значајно да се истакне дека процентот на сиромаштија во време на СДСМ односно во 2005та и 2006та изнесувал над неверојатни 30 проценти. Стапката на сиромаштија низ годините продолжи да опаѓа и од 31 сега е сведена на 22 осто.

Напредок се бележи и кај намалувањето на невработеноста. Во 2015-та остварена е рекордно ниска стапка на невработеност, која заклучно со септември е 25, 5 осто. Таа беше околу 38 осто во 2006та, од кога континуирно секој квартал се намалува. Во 2006тата при доаѓањето во владата, бројот на лица кои имале работа бил 560 илјади луѓе, сега тој број е над 710 илјади луѓе кои работат, односно отворени се нови над 150 илјади работни места.