Медиумите на СОРОС со жестока манипулација

Веднаш по одржувањето на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ Зоран Заев и објавувањето на креираните материјали, медиумите на СОРОС излегоа со невистинити наслови и текстови, ојави Курир.

Соросовите медиуми следејќи го примерот на Заев каде одредени информации од материјалите кои ги објавуваа ги става во погрешен контекст кој само нив им одговара, а не е верен до вистината, излегоа со квалификации кои не ги содржи во самите креирани материјали кои Заев ги објави.

Па така, опозициските медиуми пишуваат дека власта спремала фалсификат на изборите, а дури и во материјалите кои сами ги објавија се гледааат тврдења дека се’ мора да биде според закон. Тие напишаа дека случајот со Љубе Бошкоски бил политички монтиран, а од самите креирани тонски записи се гледа дека Бошкоски земал стотици илјади евра и незаконски ја финансирал кампањата.

Истовремено, сите медиуми кои се под опозициска контрола го избегнаа и премолчеа фактот дека уште еднаш се потврди дека креираните материјали се од странски центри, бидејќи токму шефот на УБК Сашо Мијалков е еден од најприслушкуваните, што природно укажува дека Мијалков сигурно нема самиот да се прислушкува.

Со ова, дополнително се потврдува ставот на експертската јавност дека Заев е продолжена рака за исполнување на туѓи сценарија.

фото: Курир

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.