Медиумите на СОРОС во функција на Заев и го одработуваат неговото сценарио

Мислејќи дека ќе извршат некаков притисок врз премиерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, соросовите медиуми во текот на вчерашниот ден, но и денеска постојано шират целосни невистини, лаги и дезинформации поврзани со одржување на лидерска средба, пишува порталот „Курир“.

Порталот наведува наведува дека опозициските медиуми немајќи никаква официјална потврда дека за денеска е закажана лидерска средба, уште од синоќа започнаа да манипулираат со нејзино одржување во текот на денешниот ден. Се покажа дека пишувањата на овие медиуми се целосна невистина, бидејќи таква средба денеска воопшто не се одржа.

Медиумите на СОРОС во функција на Заев и го одработуваат неговото сценарио
Медиумите на СОРОС во функција на Заев и го одработуваат неговото сценарио

Ударните соросови портали како Плусинфо на Бранко Героски, Либертас на Ацо Кабранов и Нова ТВ на Борјан Јовановски почнаа со манипулации уште синоќа кога на овие сајтови можеа да се прочитаат најразлични манипулации, кои одеа доттаму со тврдења дека синоќа се одржале две средби меѓу Груевски и Заев пред “финалето“ кое категорично го закажуваа за денеска.

Денес стана сосема јасно дека немало никаква средба помеѓу Груевски и Заев, туку дека како и многу пати досега се работи за измислици на опозициските медиуми.

Медиумите на СОРОС во функција на Заев и го одработуваат неговото сценарио
Медиумите на СОРОС во функција на Заев и го одработуваат неговото сценарио

Дополнително, „Курир“ пишува дека тоа што лидерска средба не се одржа само ги потврдува со какви манипулации се служи Заев преку неговите медиуми, во обидот да издејствува каков било притисок врз политичкиот опонент, но очигледно тоа не поминува.

Иако дел од медиумите уште синоќа повикувајќи се на официјални партиски извори објавија дека лидерска средба нема да има и дека соросовите медиуми само шпекулираат, сепак овие вторите и денес продолжија со шпекулациите, па излегоа со информации дека таква средба било можно да се одржела утре.

Медиумите на СОРОС во функција на Заев и го одработуваат неговото сценарио
Медиумите на СОРОС во функција на Заев и го одработуваат неговото сценарио

Откако стана јасно дека лидерска нема да има ниту денеска, ниту утре и нивните тврдења пропаднаа во вода, тие продолжија да дезинформираат со тврдењата дека лидерската наводно била одложена по барање на премиерот Груевски, шпекулации кои се целосна невистина. Она што е познато е дека нова средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, ќе се одржи во деновите по викендот.

Зошто опозициските медиуми упорно шпекулираат за „тајни“ средби меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, само тие го знаат одговорот. Очигледно соросовите медиуми влегоа во филмот на Зоран Заев, па сега во негова фунција свесно го одработуваат неговото сценарио, непостигнување на договор за излез од политичката криза бидејќи тоа ќе значи соочување со волјата на народот, сценарио кое Заев се обидува да го избегне на секој можен начин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.