Македонија

Медиумите на СОРОС занемеа за снимките на Љубе Бошкоски

Медиумите на СОРОС занемеа за снимките на Љубе Бошкоски

Шок и молк во опозициските медиуми финансирани од Соросовата фондација откако попладнево во јавноста на каналот Јутјуб се појавија видео снимки од кои јасно се гледа дека Љубе Бошковски нелегално земал пари за нелегално финансирање на својата кампања за изборите во 2011 година.

Медиумите на СОРОС молчат за скандалозните видео снимки на кои се гледа дека за возврат за тие нелегални пари што ги зема, Љубе Бошкоски на посредникот кој зборува македонски со забележлив грчки нагласок му ветува промена на името на земјата доколку тој дојде на власт.

Ниту еден опозициски портал до сега не ги објави снимките кои пред околу еден час осамнаа на видео сервисот. Соросовите портали се одлучија да молчат за она што е на очиглед на сите.  Снимките јасно покажуваат дека поранешниот македонски министер и посредникот договараат давање на 70.000 евра за Бошкоски, а посредникот му дава во еден момент 10.000 евра и со потег со раката го крсти Бошкоски викајќи со господ напред да ти е.

Љубе Бошкоски во видеото говори дека сега мора да глуми лудило и да игра на патриотска карта пред гласачите, а кога ќе дојде на власт ќе го смени името за два дена, и потврдно одговоара на предлогот на посредникот за именување на анционалност како граѓани на Република Македонија.