Медиумите пишуваат за Здравко, Србинот кој е на фронт во Украина

Претходните неколку месеци голем број Срби заминале во Украина да се борат на страната на проруските сили, пишува српски Курир.

Доколку може да им се верува на информациите кои кружат на друштвените мрежи, во Украина стигнал уште еден Србин за да се бори против про – украинските сили.

Имено, Здравко од Србија за само два дена станал хит на друштвените мрежи.

Тој објавил фотографија на која позира во војничка униформа, пред српското знаме, која подоцна се појавила на Твитер страницата Европски Мајдан, каде била упатена благодарност до овој човек.

За три часа фотографијата станала хит, а мислењата биле поделени – едни безусловно го поддржувале, додека други не можеле да сфатат зошто некој би се одлучил на ваков драстичен чекор.