Македонија

Медиумите платени од СОРОС не престануваат да лажат

Медиумите платени од СОРОС не престануваат да лажат

Медиумите финансирани од СОРОС секојдневно објавуваат се поголеми лаги и манипулации.

„Јанкулоска и Мијалков повикани на рибање во западна амбасада“- беше насловот објавен во порталите блиски до СДСМ, дебело платени од СОРОС, што претставува голема лага, пишува Курир.

Според нашите информаци, Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска цело попладне и вечерта била на седница на Влада. Таму беше донесена одлука за висока парична помош за семејствата на загинатите бранители и за повредените полицајци.

Но, медиумите на СОРОС и СДСМ водат специјална војна против легитимно избраната Влада и безбедносните сили на Македонија. Нивната единствена цел е дискредитација на волјата и поддршката на граѓаните.

Во изминатиов период, овие медиуми раководени од гласноговорниците на СДСМ, пласираа огромен број на лаги и манипулации во функција на пропагандата на опозицијата.

Бранителите гинат, Соросоидите лажат за партиски цели

devojcinjaa

Соросовите медиуми предводени од главниот стратег на СДСМ Бранко Героски за време на трагичните случувањата во Куманово ширеа пропаганда со дезиниформации, лаги и невистини, со цел нарушување на имиџот на полицијата, нејзино деморализирање креирање на тензии меѓу граѓаните.

Во ваквите манипулации и дезинформации на соросовите портали како по обичај предничеше Плусинфо на Героски, кој со дезинформациите започна објавувајќи фотографии во кои заокружува девојчиња кои наводно биле уапсени, со цел да се зголеми тензијата кај албанското население, иако од сликите се гледа дека девојчињата кои се заокружени не се уапсени.

Дополнително, речиси сите соросови портали пренесоа дека едно девојче и нејзините родители загинале во престрелките во Куманово, обидувајќи се дополнително да долеат масло на огнот. Ваквата информација објавена од Плусинфо, А1 он, Бриф, 24 Вести и низа други опозициски медиуми се покажа како целосна лага и дезинформација.

По завршувањето на полициската акција и обелоденувањето дека засега цивилни жртви од немирите во Куманово нема, излегоа на виделина сите лаги и дезинформации на соросовите медиуми. Дополнително, речиси сите соросови портали вклучувајќи го и оној на Героски продолжија со манипулации откако телевизија Телма првично објави дека терористите биле апсени во цивилна облека и патики и ниту еден од нив немал униформа, креирајќи хајка против македонските полициски сили бидејќи уапсените не носеле униформи.

ter

Тврдењата на Героски целосно беа побиени од МВР, со објавувањето на видеоснимките од приведените терористи, за кои Героски најверојатно се увери дека не се цивили, како што првично тврдеше. Јасно се виде кого Героски бранеше и за што лажеше.

Дополнително, неговиот портал и сличните на него, продолжи со манипулации преку објавувањето на информацијата дека се пукало во Арачиново и во Грушино, тврдење кое се покажа како целосна лага, исто како и вчерашните манипулаци за наводно пукање во Тетово.