Медиумите реагираат: Законот предложен од Ванхауте не постои ниту во една европска земја

Неколку прифатливи елементи, но и многу неприфатливи детали содржи новиот предлог за измена на Законот за медиумите на белгискиот посредник Питер Ван Хауте, сметаат најголемите телевизии во Македонија. Сител, Канал5, Алфа и Алсат, пишува Прес24.

По диктаторскиот закон  за Медиуми на СДСМ, вчера презентираше свој предлог и Питер Ванхауте, предлог кој што има малку позитивни елементи и огромен број на неприфатливи елементи. Но да почнеме со ред:

  1. Законот кој што е предложен од Ванхауте не постои ниту во една европска земја. Предлагачот го бранеше ова со тоа дека во Македонија била специфична ситуацијата, веројатно заборавил дека неговата Белгија имаше ептен специфична ситуација кога немаше Влада 540 дена, но таму на никого не му паѓаше на памет да носи ваков закон за медиуми;
  2. Наместо да Питер Ванхауте оди во насока на препораките на европската унија за либерализација на медиумите, со овој закон се врши целосна партизација на агенцијата за медиуми. Досегашниот закон предвидуваше избор на членови на Советот  на МРТВ и Агенсијата за медиуми да се предложени од новинарските здруженија и други невладини организации, а собранието само формално ги избираше. Замислете во новиот предлог на Ванхауте ке имало јавен конкурс, а собранието ке ги избирало со две третини . Скандалозно и невидено партизиранје на македонскиот медиумски простор, враќанје 50 години назад, целосно недемократски и неприфатлив предлог.
  3. Наместо да се зголеми бројот на новинари кои ќе членуваат во МРТВ и Агенцијата за медиуми на овој начин тие целосно се исфрлени од овие тела, му текнало на Ванхауте да ги избрише новинарите и да си стават партиски послушници кои ке им судат на медиумите, и ке одлучуваат за Македонски медиуми по теркот на Белгискиот филозоф, кој е експерт по сите прашања.
  4. Претставен беше еден памфлет од закон, полн со дупки и недерочености, ниту конкретно се бавеше со овластувањата на телата на овие организации, ниту со казнените мерки, ниту што е тоа што ке биде забрането и казниво. Шуплив закон, намерно оставен таков за да подоцна се дополни со рестриктивни формулации и можности за казни по воља на передлагачот. Провиден обид да се протурка закон кој целосно ги става под партиска контрола медиумите и новинарите во Македонија, стои во реакцијата на медиумите.

Тиe прашуваат на кого му е потребен нов закон ако се има предвид дека актуелниот закон е направен пред само две години и е во целосна координација со новинарските здруженија и претставува пример за либерален закон за медиуми

Во ниту еден извештај на ЕУ, ниту во еден извештај на ОБСЕ, ниту во извештајот на Прибе не беше оспорен квалитетот и содржината на законот. На кого освен на СДСМ и на Ванхауте му треба диктаторски закон, на медиумите сигурно не, на новинарите уште помалку, вакви закони се против граѓаните и граѓанските слободи. Вакви закони не постојат никаде, вакви закони нема да дозволиме да има ниту во Македонија. Медиумските здруженија, медиумските асоцијации, новинарите, снимателите и монтажерите и сите останати вработени во медиумскиот сектор ќе направиме се, ваков недемократски, нецивилизациски и неевропски закон да не ни се наметне, ке ги искористиме сите демократски средства, нашиот глас ке биде толку силен што ке го слушне и ке го подржи секој граѓанин на оваа земја, стои во реакцијата на приватните телевизии.

Тие ги повикуваат политичките партии да престанат со обидот за нивно замолчување

Медиумите се четвртата власт во секоја земја, некој сака да ги стави под јарeм во име на демократија, а со цел да ги замолчи и да ги контролира, уште еднаш ги повикуваме политичките партии да престанат да преговараат за вакви апсолутно неприфатливи закони, да престанат да се договараат и пазарат за демократските придобивки и медиумските слободи. Оваа земја Македонија не е држава само на четири политички партии и најмалку е на Ванхауте, оваа држава е на граѓаните на Македонија, кои својата тешко стечена слобода и демократија нема да дозволат да им ја одземат партиите и емисарите, стои во реакцијата.