Медведев изрази сочувство на роднините на Немцов

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изрази денеска сочувство на роднините и блиските на Борис Немцов во врска со неговата трагична смрт, соопшти прес-службата на Владата, јави ТАСС, пренесе МИА.

– Потресен сум од жестокото, цинично убиство на Борис Немцов. Тоа е огромна лична трагедија за вас – неговите роднини и блиски. Голема загуба за нашето општество, за чии слободи и вредности тој се залагаше, рече Медведев.

– Борис Немцов беше еден од најталентираните политичари од периодот на демократските транзиции во земјата. И до последниот ден тој остана приципиелен човек. Дејствуваше отворено, и никогаш не ги промени своите погледи. Таков ќе остане во нашите сеќавања, истакна рускиот премиер.