Медведев: Ќе ги оспориме санкциите во СТО

Русија одличи да ги оспори санкциите од САД воведени против Москва заради кризата во Украина пред Светската трговска организација (СТО), изјавил рускиот премиер Димитриј Медведев, пренесоа медиумите.

САД воведоа санкции против Русија и тие имаат негативни последици на надворешната трговија. Одлучивме да го оспориме тоа во СТО“, рекол Медведев на меѓународниот форум во Санкт Петерсбург.

Медведев оценил дека процедурата „нема да биде едноставна заради големиот авторитет на САД во СТО“

Русија, која е членка на оваа организација од летото 2012 година, покренала неколку процедури против Европскатта унија, но досега ниедна против САД.

Од почетокот на кризата во Украина , отцепувањето и припојувањето на полуостровот Крим кон Русија, САД воведоа санкции против руските и проруските украински официјални лица, како и против стотина претпријатија блиски на руските власти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.