Медведев: Поддршката на Г7 за Украина е цинизам без граници

Рускиот премиер Дмитри Медведев ја оценил денеска дека поддршката која лидерите на групите на седумте најразвиени земји изразиле на украинските сили во операциите на истокот на земјата како „цинизам без граници“.

Зборувајќи на седнициата на владата за приливот на бегалците од руските области во близина на границите за Украина, Медведев рекол:

„Таканаречената Г7 зборува за одмерена акција на украинската војска против сопствениот народ. Тоа е цинизам без граници“, рекол тој, пренеле руските новински агенции.

Во изјава усвоена денес во Брисел, земјите од Г7 ја повикале украинската влада да задржи „одмерен пристап во понатамошниот тек на своите акции во со цел повторно воспоставување на редот и законот“ на истокот на земјата.

„Народот е уплашен, стравува, но украинските власти не гледаат никаков хуманитарен проблем, велат дека нема бегалци, тоа е секако лага“ рекол Медведев.

Тој оценил дека 5000 луѓе стигнуваат секој ден само во Руската област Ростов на Дон, на југозападот, и дека тоа се податоци од граничните премини.

„Разликата во влезовите и излезите од земјата е околу 5000 луѓе дневно“ прецизирал Медведев.

Најголем број на лица си одат од Украина, воглавном жени и деца, доаѓаат во таа област, а голем број од нив веќе побарале статус на „бегалци“. Околу 4000 луѓе веќе побарале таков статус. Тоа е без преседан“ рекол тој, пренела Итар-Тас.

Водачот на групата на седумте најразвиени земји рано утринава во Брисел изразиле поддршка на „украинската влада и народот со оглед на неприфатливото вплеткување на Русија во суверените работи на Украина„ и и се заканиле на Москва со „јакнење на зацртаните санкции, доколку тоа би го наметнале случувањата“.

Во заедничко соопштение на челниците на САД, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Јапонија, украинските власти се охрабрени  да одржат одмерен пристап во операциите на враќање на редот и законот“ и да  „продолжат со националниот дијалог во кој сите ќе бидат застапени“.