Свет

Медведев: Повлекувањето на поканата до Иран за „Женева-2“ е неприфатливо

Медведев: Повлекувањето на поканата до Иран за „Женева-2“ е неприфатливо

Рускиот премиер Дмитриј Медведев упати критики поради одлуката да биде повлечена поканата до Иран за мировната конференција „Женева-2“, пишува весникот „Комерсант“.

„Она што се случи со повлекувањето на поканата според мене е целосно неприфатливо. Има ли некој кои мисли дека сирискиот проблем може да се дискутира сериозно, без да се земе предвид иранскиот фактор? Се разбира, сето ова треба да биде земено во предвид. Но кога меѓународната заедница или ОН прво испраќаат покана, а потоа ја повлекуваат, тоа е неприфатливо и не придонесува за постигнување на некаков резултат“, изјавил Медведев.