Медведев: Преговорите за обновување на односите со Турција ќе се водат на сите нивоа

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска изјави дека преговорите за обновување на односите со Турција ќе се водат на сите нивоа, вклучувајќи го и премиерското, пренесе ТАСС.

– Русија ќе води преговори со турските партнери на сите нивоа, на кои ќе побараат земјите. Со тоа може да се зафатат и министрите, и вицепремиерите, но и јас сум подготвен лично да се занимавам со ова прашање, рече Медведев во интервју за телевизијата „Росија 1“.

Во средата, на 29 јуни, рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Разговорот се реализира откако Ердоган испрати писмо до Путин во кое му се извини за соборувањето на рускиот бомбардер, лани во ноември.

По разговорот со турскиот претседател Путин на руската Влада и нареди да почне со преговори со Турција за обновување на соработката во трговијата и другите сфери.