Медведев: Украинските власти не прекршиле ништо со одбивањето на евроинтеграциите

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев смета дека одлуката на украинското раководство да го одложи потпишувањето на договорот за асоцијација со Европската унија, е донесена во согласност со Уставот на земјата и не го нарушува законодавството, а исто така се базира врз пресметки на добивките и загубите од превземање на таков чекор, пренесоа локалните медиуми.

„Тие направија калкулации и заклучија дека во моментов не се подготвени за тоа. Поради оваа причина најверојатно се одлучиле за секој случај да го одложат потпишувањето на соодветниот документ. Тоа е нивно внатрешно прашање“, изјави рускиот премиер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.