Меџик: Леброн е посебен, најдобар

Претседателот за кошаркарски операции на „Лос Анџелес Лејкерс“, Меџик Џонсон го оцени доаѓањето на Леброн Џејмс во тимот е голем чекор за враќање на клубот во борбата за трофеи. Џејмс и официјално стана играч на „Лејкерс“, откако поранешниот кошаркар на „Кливленд кавалирс“ потпиша четиригодишен договор вреден 154 милиони долари.

Ова е одличен ден за „Лејкерси“ и нашните обожаватели од целиот свет, бидејќи тие го поздравуваат Леброн Џејмс, тројниот НБА шампион и четирикратниот МВП. Леброн е специјален, тој е најдобриот играч во светот. Сака да се натпреварува, тој е вистински лидер. Покрај тоа што сака да победува, тој се грижи и останатите во тимот да изгледаат добро на теренот. Игрчаите на „Лејкерси“ мора да бидат возбудени за тоа што ќе имаат соиграч кој играше девет пати во финалето. Ова е голем чекор кон враќањето на „Лејкерс“ во финалето на плеј-офот, рече Џонсон.

Џејмс во регуларната сезона имаше 27,5 поени, 8,6 скока и 9,1 асистенции, а во  плејофот постигна просек од 34 поени, 9,1 скокови и 9 асистенции по натпревар.