Мега скандал: Шарените револуционери платени со огромни суми на пари да го „фарбаат“ народот

Во 2015-та година таа од истата организација земала дополнителни 592 105 денари.

remenski-protest

Довчерашната техничка министерка за труд и социјална политика од СДСМ Фросина Ременска која ќе остане запаметена по кочењето на проектите како што се изградба на градинки и социјални станови исто така се офајдила од соросовата мрежа на невладини. Таа во 2014-та година земала хонорар од НВО Инфо Центар во износ од 5 846 денари.

Пари земал и поранешниот пратеник и потпретседател на СДСМ Гордан Горгиев кој од истата организација како и Фрчковски земал по 13.592 денари во 2014-та година, а потоа наредната година сумата се зголемила на 16.520 денари.

renata-deskoska

Рената Десковска од СДСМ исто така се офајдила од организациите финансирани од СОРОС: Покрај пратеничкото и професорското место таа во 2014-та година земала хонорар од соросовиот центар за развој на медиумите во иснос од по 3.333 денари

caca nikolovska (1)

Во пирамидалната шема на финансирање се наоѓа и Маргарита Цаца Николовска која е претседател на партискиот совет на СДСМ за политички систем. Николовска само за примања по договор за повремена работа во 2014 година преку Македонскиот центар за европско бразование земала десетици илјади денари. Таа за возрат е една од најгласните против одлуките на Уставниот суд, оправдувајќи ги противправните дејства на СЈО на Катица Јанева и редица други непринципиелни акти во полза на СДСМ.

Karolina Asterud

На платниот список фигурира и поранешната пратеничка на СДСМ а сега професорка на правниот факултет Каролина Астеруд која од истата клон организација исто како и Николовска се офајдила со неколку десетици илјади денари.

filip Medarski

Се офајдил и адвокатот на Зоран Заев кој го брани во сите криминални случаи во кој е вмешан самиот Заев, Филип Медарски. Тој од Македонското здружение на млади правници земал по 19 675 денари цела 2014та година, а тоа продолжило и наредната година кога Медарски земал по 3 533 денари од истото здружение. Филип Медарски е познат по непотизмот во судството. Мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е обвинител во Вишо ЈО Скопје, а сопруга на Филип Медарски е Софија Медарска, порано Спасова, судијка во Основен Суд 2, која пак е ќерка на Ристе Спасов, секретарот на Судот. Ова значи дека мајката на Медарски обвинува, а неговата сопруга пресудува.