Меган Трејнор: Бев вљубена во момче кое побара од мене да ослабам

Пејачката Меган Трејнор се прослави со хитот „All about the bass“ и во моментов има фанови низ целиот свет.

Во хитот кој не се симнува од првите места на топ листите низ светот Меган им се обраќа на сите несигурни девојки кои биле навредувани од страна на нивните врсници и им говореле дека нивното тело или изглед не се совршени.

-Научете да го сакате своето тело. Мене цел живот ми велеле дека сум дебела и сметале дека мојата линија не е совршена. И секако поради тоа целосно ја изгубив самодовербата, изјавила пејачката.

Таа признава дека имало моменти кога не и било лесно.

-Бев многу вљубена во едно момче од мојот клас. Еден ден конечно ми пријде, а јас ќе се онесвестев од среќа. Но, тој изговори нешто што јас дефинитивно несакав да го слушнам: „Би била ептен згодна да имаш 10 килограми помалку“. Таа изјава тотално ми го скрши срцето, призна пејачката.

Сепак Меган не отстапила од сопствените соништа, а со поддршка од семејството и пријателите научила да се сака себе си онаква каква што е.

ФОТО: AP