МЕГАСКАНДАЛ: Штипски бизнисмен тврди дека Заев му земал мито 39.000 евра

Откако во јавноста беше објавено видео на кое се гледа дека струмичкиот градоначалник бара мито од еден бизнисмен, се охрабрија и други бизнисмени да обелоденат дека  Зоран Заев им барал поткуп.

Скандалозното видео кое се појави на Јутјуб како Заев бара поткуп, охрабри и други луѓе да проговорат како  струмичкиот градоначалник оперирал во општината.

Бизнисмен од Штип открива како на  Заев му дал мито од 39 илјади евра. Мики Наумов еден од газдите на „Иднина“ пред камерата на Алфа, раскажува дека само два дена откако Заев бил избран за градоначалник  му побарал пари да му заврши работа за одобрение за градба. Штипскиот бизнисмен во јавното сведоштво вели дека 35 илјади евра му дал на рака, а останатите 4000 евра преку посредник.

Иако проблемот со одобрението бил решен со претходниот градоначалник Киро Јанев, Заев уверувал дека треба да се дозаврши работата со давањето согласност за градба и дека за тоа му следувала награда.

Целиот случај е за одобрение за градба на местото на старата управна зграда на фирмата Иднина за која имало маркица уште пред 30 години.

Наумов пред камерите на Алфа раскажа дека Заев го познавал уште пред да стане градоначалник. Вели беше сиромашен и се чуди како набрзо стекнал огромно богатство.

Се присетува дека му дал и 500 евра , бидејќи му недостасувале за да си купи половен автомобил Ауди А4 од 4000 евра.

Наумов го повикува Заев на јавно соочување, а вели дека е подготвен да направи и полиграфско тестирање се со цел да се докаже дека ја говори вистината.

Ова не е прв ваков случај.  Само пред неколку  дена на Јутјуб каналот се појави снимка од која се гледа дека Заев бара мито од 200 илјади евра. Прецизно дава насоки дека за работата која тој ќе ја заврши треба да му биде даден поткуп , а парите како што Заев сам кажува треба да бидат уплатени кај неговиот брат Вице Заев.

Министерството за внатрешни работи пред само два месеци поднесе кривична пријава против струмичкиот градоначалник. Заев на лице од Струмица му побарал подарок за себе 2 евра за метар квадратен  за градежно земјиште од 100.000 метри квадратни за приватизација на градежно изградено земјиште.

Инаку Заев е аболициран од Црвенковски за Глобал.